ТРАМП САКА САД ДА ЈА КУПАТ ГАЗА: Дали соседите ќе прифатат?
Американскиот претседател Доналд Трамп сака САД да ја купат и поседуваат Газа. Сепак, како што вели, би им дозволиле на други блискоисточни држави да обноват делови од енклавата.
„Посветен сум на купувањето и поседувањето на Газа. Што се однесува до обновата, би можеле да им дозволиме на други држави од Блиски Исток да обноват нејзини делови. Но, ние сакаме да ја преземеме и поседуваме и да се погрижиме Хамас никогаш да не се врати“, вели Трамп.
Трамп верува дека би можел да ги убеди Египет и Јордан да примат најголем дел од жителите на Газа.
Тој неодамна го шокираше светот кога предложи преселување на Палестинците кои живеат во Газа.
„По обновата на Газа, на Палестинците не би им било дозволено да се вратат. За Палестинците е подобро да живеат некаде подалеку од Газа“, кажа Трамп во интервјуто за „Фокс њуз“.
Планот на Трамп за Газа, кој според меѓународното право би се сметал за злосторство, го отфрлија арапските земји, но и другите држави.
На 7 октомври во 2023 година, палестинската терористичка група Хамас го нападна Израел, по што почна војната и Газа е разурната.
foto AP
