ТРАМП САКА ДА СООПШТИ: Во Сирија убиен лидерот на Исламска држава, Бакр Ал-Багдади
Абу Бакр ал-Багдади, лидерот на Исламската држава, е убиен во американска воена операција во Сирија, рекле извори од Сирија, Ирак и Иран. Американскиот претседател, пак, Доналд Трамп, планира да издаде „важно соопштение“ од Белата куќа.
„Нешто многу големо тукушто се случи“, напиша Трамп на Твитер.
Официјално лице од Белата куќа открива дека Багдади бил цел на ноќна акција, не прецизирајќи дали таа била успешна. Акцијата во која учествувале хеликоптери, авиони и копнени сили била спроведена во селото Бриша во близина на турската граница.
Ирачки и ирански разузнавачки извори изјавија дека примиле потврда од Сирија дека Багдади е убиен.
„Нашите извори од Сирија потврдија дека Багдади е убиен заедно со својот личен телохранител, откако било откриено негово скривалиште кога сакал да го извлече своето семејство од Идлиб“, вели ирачки функционер.
Слично
