Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трамп сака да си игра со АИ, оваа се фотографиите што ги објави

Трамп сака да си игра со АИ, оваа се фотографиите што ги објави

Американскиот претседател Доналд Трамп објави две фотографии изработени со вештачка интелигенција на својата социјална мрежа Truth Social, кои веднаш предизвикаа реакции во јавноста.

На првата фотографија, Трамп е прикажан како религиозна фигура што со рака „лекува“ болен човек, додека од него зрачи светлина. Околу него се наоѓаат војници, медицински персонал и цивили, а во позадина се гледаат американско знаме, борбени авиони и орли. Над сцената лебдат фигури налик на воини.


Целата сцена потсетува на класични религиозни прикази на исцелување, а Трамп е прикажан во црвен плашт и бела туника – симболи кои традиционално се поврзуваат со Исус Христос.

Објавата доаѓа кратко откако Трамп јавно го критикуваше папата Папа Лав XIV, нарекувајќи го „слаб“ во однос на криминалот и „лош“ во водењето на надворешната политика.

Втората фотографија прикажува луксузен облакодер со натпис „Trump“ поставен на површината на Месечината, што е алузија на неговото деловно царство со недвижности ширум светот.


Фотографиите предизвикаа бројни реакции на социјалните мрежи, при што дел од јавноста ги оцени како провокативни, а други како дел од неговиот препознатлив медиумски настап.

Индекс.хр

Фото: Truth Social (Доналд Трамп)

Слично

Поврзани вести