ТРАМП САКА ДА ИМ ГО УНИШТИ СОНОТ: Ја запира програмата за заштита на младите имигранти
Американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да стави крај на популарната програма која штити стотици илјади млади илегални имигранти од депортација.
Според извештајот, сепак, Конгресот ќе ги поддржи т.н. сонувачи (Dreamers), чија суспензија шефот на државата ќе објави овие денови.
New York Times пишува дека Трамп решително ја запира иницијативата со 6-месечно задоцнување, но според вработени од Вашингтон, се уште има можност мерката да биде забавена или олесната.
Оваа програма беше воведена во 2012 година од претходниот американски претседател Барак Обама, овозможувајќи им на околу 800 000 нелегални имигранти да престојуваат во земјата, за да можат да учат или работат, ако се дојдени во САД пред 16-годишна возраст.
Некои републиканци веќе се изјаснија за програмата.
"Ова се деца кои не знаат која било друга земја, немаат друг дом и верувам дека треба да постои законско решение за нив", смета претседателот на американската армија Пол Рајан.
