Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трамп сака да ги повлече САД од НАТО - како би го сторил тоа?

Трамп сака да ги повлече САД од НАТО - како би го сторил тоа?

Американскиот претседател Доналд Трамп, повторно го отвора прашањето за излегување на САД од НАТО, откако Алијансата не му се придружи во војната против Иран. Во интервју за британскиот „Телеграф“, тој кажа дека повлекувањето на САД од одбранбениот сојуз, кој го нарече „тигар од хартија“, сега е повеќе од само размислување.

Оваа изјава доаѓа во време кога САД се обидуваат да најдат излез од војната со Иран, додека во исто време расте притисокот врз сојузниците за нивната улога во безбедноста на клучните поморски патишта, особено во Ормутскиот теснец. Трамп и претходно се закани дека ќе го напушти НАТО, но тогаш во различен контекст. На почетокот на годината, не ја исклучи таа можност за време на спорот околу Гренланд, кој отвори длабоки поделби меѓу САД и нивните европски сојузници. Но, сегашната ситуација дополнително ги зголемува влоговите. Војната со Иран, нарушувањата на пазарот на нафта и неизвесноста во глобалната трговија, го ставаат НАТО под најголем притисок во последните неколку децении.

НАТО е основано во 1949 година како колективен одбранбен сојуз на западните земји, а денес има 32 членки. Неговиот фундаментален принцип е содржан во Член 5, во кој се наведува дека нападот врз една членка се смета за напад врз сите. САД беа клучна сила во рамките на Алијансата уште од самиот почеток, и воено и политички. 

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести