Трамп сака аеродромот во Вашингтон и станицата во Њујорк да го носат неговото име
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп побара од лидерот на малцинството во Сенатот, Чак Шумер, да го именува Меѓународниот аеродром „Далс“ во близина на Вашингтон и железничката станица Њујорк „Пен“ по Трамп, во замена за одобрување на федералните средства потребни за изградба на долго одложуваниот тунел помеѓу Њујорк и Њу Џерси.
Американската администрација го прекина финансирањето на проектот „Гејтвеј“ вреден 16 милијарди долари на почетокот на затворањето на федералната влада минатата есен, објавува Ен-Би-Си.
Иако блокадата заврши во ноември, а законите за целосна распределба на буџетот беа усвоени оваа недела, парите сè уште не се исплатени.
Огромниот проект, чија вредност оттогаш се зголеми на 16,1 милијарди долари, предвидува изградба на нов железнички тунел под реката Хадсон што би ги поврзал Њу Џерси и Њујорк.Во декември, името на Трамп беше додадено на името на Американскиот институт за мир, агенција што неговата администрација претходно ја укина.
Претседателот предложи програма вредна пет милиони долари за добивање постојан престој, а подоцна и државјанство, која ја нарече „Златни карти на Трамп“.
foto printskrin youtube
