Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трамп: САД нема да распоредат трупи во Венецуела ако Делси Родригез соработува

Трамп: САД нема да распоредат трупи во Венецуела ако Делси Родригез соработува

Американски трупи нема да бидат стационирани во Венецуела сè додека потпретседателката на таа земја, Делси Родригез, соработува, изјави претседателот на САД, Доналд Трамп. 

Рече дека Вашингтон не планира воени дејствија против Куба, бидејќи таа, како што рече, „ќе падне сама од себе“.

Во интервју за New York Post, на прашањето дали американски трупи ќе бидат распоредени на терен и ќе помагаат во управувањето со земјата, нешто што Трамп претходно го најави, американскиот претседател одговори негативно.

„Не, ако потпретседателката на Мадуро, ако Родригез го прави она што го бараме, тоа нема да биде потребно“, изјави Трамп, додавајќи дека американската војска е подготвена за „втор бран“ кој, според него, би бил „многу поголем од првиот“.

Трамп истакна и дека со Родригез разговарале повеќепати и дека таа „ја разбира ситуацијата“. Според неговите зборови, Родригез положила заклетва како привремена лидерка на Венецуела.

Американскиот претседател истовремено нагласи дека не размислува за воена акција против Куба, која, како што рече, во голема мера зависела од Каракас и неговата поддршка.

„Не, Куба ќе падне сама од себе. Куба е во многу лоша состојба. Таа секогаш беше многу зависна од Венецуела. Оттаму добиваа пари и ја штитеа Венецуела, но во овој случај тоа не заврши добро“, изјави Трамп, додавајќи дека не го знае точниот број на кубански и венецуелски сили кои ги загубиле животите во нападите врз Каракас.

САД денеска извршија воздушни напади врз Венецуела, а Трамп објави дека американски специјални единици го уапсиле претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, и неговата сопруга Силија Флорес и ги извеле од земјата.

Инаку, објавена е снимка од Мадуро во Њујорк.

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести