Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трамп: САД да ја прифатат анексијата на Крим

Трамп: САД да ја прифатат анексијата на Крим

Републиканскиот кандидат за претседател Доналд Трамп навестил дека САД може да ја прифати руската анексија над Крим, ако тоа доведе до подобри односи со Москва и до посилна соработка со Русија во борбата против „Исламска држава“, пренесоа агенциите, повикувајќи се на Асошиетед прес.

Во интервју за програмата „Оваа недела“ на телевизијата „Еј Би Си“ Трамп навестил дека народот на Крим претпочитал дека е дел од Русија.

Оваа позиција е контраст за позицијата на администрацијата на претседателот Барак Обама, која има економски санкции над Русија поради анексија на Крим пред две години. Полуостровот беше дел од територијата на Украина.

ОН не го признаваат Крим како дел од Русија, а некои водечки републиканци непоколебливо го заштитуваат Крим од она што тие го нарекуваат руска агресија.

Интервјуто на Трамп за програмата на „Еј-Би-Си“ е презентирано на самиот сајт на медиумот. Од транскриптата станува јасно дека во него, говорејќи за Русија и за Владимир Путин, Трамп вели: „Путин вели: Трамп ќе победи на изборите, Трамп е гениј, но тогаш луѓето ми велат: Кажи им дека не ги прифаќаш овие изјави. А јас им велам: Да не го прифаќам тоа? Кога Путин говори добри работи и кога имаме можност да имаме добри односи со Русија ... “. Тука сепак Трамп го прекинал интервјуто со Џорџ Стефанопулос, кој му вели: „Но, ако ние имаме добри односи .... “, но за возврат тој е прекинат од Трамп, кој вели: „Мислам дека ова е добра работа“. Тука новинарот ја завршува мислата и вели: „Но, ако ние имаме добри односи, како ќе ја прифатиме анексијата на Крим од Путин ...“. Тука Трамп го прекинува новинарот и му вели дека САД (нема да отстапуваат и да наведнувам глава пред ништо).

(„Еј Џорџ, ти ме познаваш многу добро. Јас не наведнувам глава, јасно ли е!)“, му вели Трамп на новинарот. „Но, ако можеме да имаме добри односи со Русија и ако Русија може да ни помогне да се ослободиме од „Исламска држава“, искрено, колку тоа се однесува и тука зборуваме за огромна сума на пари и човечки животи и за се друго, тогаш тоа ќе биде нешто позитивно, а не нешто негативно“, додал Трамп.

„Дури и ако тоа значи да ги ставиме под услов нашите обврски кон НАТО“, прашал новинарот.

„Не, бидејќи ние нема да го направиме тоа. НАТО ќе биде добро. Но, многу од земјите од НАТО, а таму има 28 земји, имаат корист од нас. Бидејќи тие не плаќаат. Значи ние ќе ги заштитиме овие земји, а тие нема да плаќаат“, додал Трамп.

Тој додал исто така дека ако го остави на страна ова прашање, тој го поддржува НАТО, но смета оваа организација е застарена, бидејќи не обрнува внимание на тероризмот.

Новинарот го враќа повторно на темата за Крим и Украина, при што Трамп вели дека во оваа земја владее безредие и тоа станува во времето на администрацијата на Барак Обама и на неговите силни врски со НАТО.

"Значи со сите овие силни врски со НАТО, во Украина е неред, а Крим беше одземен. Го прекоруваат за тоа Трамп, вели магнатот.

Тука тој додава дека од она што го слушнал, луѓето во Крим преферираат да се во Русија отколку таму каде што биле пред тоа.

Запрашан од новинарот дали има инвестиции во Русија, Трамп негира и вели дека не им должи пари на руски поединци и институции. Тој потсетува дека пред пет години купил куќа во Палм Бич. Станувало збор за случај на банкрот и тој ја купил куќата од банка за 40 милиони долари. Потоа ја продал за 100 милиони долари на Русин, чие име не го спомена во интервјуто.

Слично

Поврзани вести