ТРАМП СÉ ПООТВОРЕНО ЗА ТРЕТА СВЕТСКА ВОЈНА: „Глупавата реторика на Бајден го натера Путин да испрати војска во Украина“
Поранешниот
американски претседател Доналд Трамп изјави дека е неопходно итно да се
започнат преговори за прекин на конфликтот во Украина.
Како што додаде, во спротивно кризната состојба може да прерасне во трета светска војна.
„Сега имаме конфликт меѓу Русија и Украина, во кој би можеле да загинат стотици илјади луѓе. Треба итно да започнеме преговори за мировно решение... или ќе се најдеме среде Третата светска војна и потоа нема да остане ништо од нашата планета“, рече Трамп во обраќањето пред неговите поддржувачи во државата Невада.
Трамп во интервју за „Вистински глас на Америка“ рече дека „глупавата реторика“ на американскиот претседател Џозеф Бајден „го принудила“ претседателот на Русија да испрати војници во Украина.
„Нашата земја и нашето таканаречено раководство го исмеваа Путин. Реториката беше толку глупава. Практично ќе го натераа да ја започне војната“, рече Трамп, кој тврди дека војната во Украина немаше да се случи ако тој беше претседател.
Трамп, исто така, нагласи дека, кога бил на чело на Белата куќа, се обидел да одржува добри односи и со рускиот и со украинскиот лидер, пренесува Newsweek.
ФОТО/EPA