Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трамп: Русија, Кина и Северна Кореја вршат сајбер напади против нас

Трамп: Русија, Кина и Северна Кореја вршат сајбер напади против нас

Трамп предупреди дека сајбернападите се не помалку опасни од мафијата, „на која и беше дозволено да се претвори во организација на национално ниво, да навлезе и корумпира многу сфери на животот во текот на подолг период“.


Властите на Русија, Кина, Северна Кореја извршува сајбер напади против националните интереси на САД, затоа Вашингтон треба да е водечки во кибертехнологиите за одбрана и напад, изјави пред американски ветерани во Вирџинија републиканскиот кандидат за претседател Доналд Трамп. 

- Сајбер нападиte на властите на странски држави, особено Кина, Русија и Северна Кореја, како и од терористи и организирани криминални групи, се најмногу оправдани причини за загриженост за нашата национална безбедност, посочи Трамп, цитиран од агенциите. Тој го истакна „огромниот обем на проблемот (на САД) во областа на сајбер безбедноста“. Според Трамп, сајбер безбедноста е „уште една област, во која администрацијата на претседателот Барак Обама доживеала неуспех“. 

Трамп предупреди дека сајбернападите се не помалку опасни од мафијата, „на која и беше дозволено да се претвори во организација на национално ниво, да навлезе и корумпира многу сфери на животот во текот на подолг период“. 

„Како средство за спречување на нападите (на хакерите) против клучни ресурси треба да располагаме со неоспорен потенцијал да вршиме сајбер контранапади. Ова ќе биде терен на воени дејствија во иднина. Водечката улога на Америка во оваа сфера треба да е неспорна“, изјави Трамп.


Слично

Поврзани вести