Tрамп: Русија има уште 10 дена да ги прекине борбите, ако не ќе следат санкции
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот рок до Русија да ги прекине борбите во Украина или да се соочи со нови санкции ќе биде за 10 дена од денеска.
Трамп – враќајќи се од Велика Британија во Вашингтон – веќе изјави дека го намалува претходниот ултиматум од 50 дена на помеѓу 10 и 12 дена, но неговите последни коментари укажуваат на очигледно цврст датум на крајот од следната недела.
„Ќе воведеме тарифи и слично, не знам дали тоа ќе влијае на Русија бидејќи очигледно тој сака да ја продолжи војната“, вели Трамп.
Инаку, жали што не добил одговор од рускиот колега Владимир Путин.
Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година.
foto EPA/TOLGA AKMEN
Слично
