Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трамп рече дека напаѓачот е болна и проблематична личност која ги мразела христијаните

Трамп рече дека напаѓачот е болна и проблематична личност која ги мразела христијаните

Aмериканскиот претседател Доналд Трамп за напаѓачот кој синоќа пукаше на настан во Вашингтон вели дека е болен човек кој ги мрази христијаните. 

Во разговор за „Фокс њуз“, Трамп го опиша настанот како „многу тажна вечер во многу погледи“, но и вечер каде „се собраа многу луѓе“. Ги пофали Тајната служба и полицијата, нагласувајќи дека реагирале „вонредно“.

„Тој влета како играч на американски фудбал, но тие веднаш го запреа. Тој дури и не се приближи до вратата, ниту помина покрај неа“, рече Трамп.

Трамп рече дека станува збор за „болна и многу проблематична личност“ која, како што тврди, „ги мрази христијаните“.

„Се чини дека тој веќе некое време негува омраза. Тоа беше религиозно прашање, силно антихристијанско“, рече американскиот претседател, иако полицијата сè уште не утврдила мотив за нападот.

Тој додаде дека слушнал дека братот на осомничениот наводно претходно ја известил полицијата во Њу Лондон.

„Слушнав за таа ситуација и би сакал да не информираат малку порано, но тоа е“, рече тој.

Трамп повтори дека пукањето ја покажува потребата од изградба на безбедна соба во комплексот на Белата куќа. Тој рече дека проектот е веќе во изградба, дека напредува побрзо од планираното и дека останува во рамките на буџетот. 

Напаѓачот е жител на Лос Анџелес. 

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести