Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРАМП РАЗГОВАРАЛ СО ПУТИН: Преговорите за крај на војната во Украина почнуваат веднаш

ТРАМП РАЗГОВАРАЛ СО ПУТИН: Преговорите за крај на војната во Украина почнуваат веднаш

Претседателот на САД, Доналд Трамп порача дека со рускиот претседател Владимир Путин се договориле  преговорите за Украина да почнат веднаш.

И двајцата се согласиле дека сакаат „да ги запрат милионите смртни случаи што се случуваат во војната меѓу Русија и Украина“.

„Се договоривме да работиме заедно, многу блиску, вклучително и посети на нашите земји. Се договоривме и нашите тимови веднаш да започнат преговори, а ќе започнеме со тоа што ќе го повикаме украинскиот претседател Володимир Зеленски за да го информираме за разговорот, што ќе го направам токму сега“, вели Трамп. 

Тој додава дека доделил тим на чело со државниот секретар Марко Рубио да ги води преговорите.

Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет рече дека враќањето на границите на Украина од пред 2014 година е нереално и дека администрацијата на Доналд Трамп не го гледа членството на Киев во НАТО како дел од решението за војната предизвикана од руската инвазија.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави размена на територии, затоа што украинските сили држат окупирана територија во Курск, но Русија тврди дека нема да има размена. 

Русија ја почна инвазијата на Украина на 24 февруари 2022 година. 

Слично

Поврзани вести