Трамп против своите - Го обвинија за водење кон Трета светска војна
Американскиот претседател Доналд Трамп влезе во кавга со неговиот сопартиец сенаторот Боб Коркер околу надворешната политика. Коркер излезе со обвинувања дека постапките на претседателот Трамп ја водат САД кон Трета светска војна поради непочитување на меѓународните договори и антагонизирање на непријателите.
– Трамп ја води земјата како да е реалити шоу. Неговата реторика може да ја насочи Америка кон Трета Светска Војна. Загрижен сум. Секој што се грижи за нашата земја би требало да биде загрижен, изјави Коркер во интервју за весникот „Њујорк тајмс“.
Трамп возврати на обвинувањата и преку Твитер изрече серија на навреди кон Коркер кого го обвини за наводно слабиот нуклеарен договор со Иран постигнат во 2015 година,
„Сенаторот Боб Коркер ме молеше да го поддржам неговиот повторен избор во Тенеси. Реков „не“ и тој испадна“, напиша Трамп на Твитер, додавајќи: „Тој побара да биде државен секретар, а јас реков „не благодарам“.
