Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трамп предупредува: Повеќе не сме богата земја, надворешниот долг ќе се зголеми на 21 трилиони долари

Трамп предупредува: Повеќе не сме богата земја, надворешниот долг ќе се зголеми на 21 трилиони долари
CАД наскоро би можеле да станат втора Шпанија или Грција во смисол на финансискиот колапс. Така барем смета милијардерот Доналд Трамп. Cпоред него, Америка повеќе не е богата земја. „Кога не си богат, мора да позајмуваш пари. Ние позајмуваме пари од Кинезите и од други. Имаме 16 трилиони долари долг“ - изјавил Трамп во своето гостување на телевизијата „Фокс“. Cпоред него, долгот од 16 трилиони наскоро ќе се зголеми, што ќе доведе до пад на рејтингот. „Кога имате долг од 21-22 трилиони долари, ќе дојде до пад, без оглед колку ги кратите трошоците“ - објаснил Трамп. Милијардерот објаснил дека на CАД во моментов не им оди добро и дека „рецесија можеби е преубав збор“, мислејќи на состојбата во која се наоѓа земјата. Невработеноста која е помеѓи 15 и 16 посто, падот на кредитната способност и билдањето на долгот, создаваат очајна слика за Америка.  
Слично

Поврзани вести