Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРАМП ПОВТОРНО УДИРА НА НАТО: Америка можеби нема да брани некои членки на пактот од Русија

ТРАМП ПОВТОРНО УДИРА НА НАТО: Америка можеби нема да брани некои членки на пактот од Русија

Кандидатот на републиканците на претседателските избори во САД Доналд Трамп изјавил синоќа дека под негово водство постои можност Америка да не застане во одбрана на поедини членки на НАТО ако би ги нападнала Русија.

Трамп рекол дека ќе донесе одлука дали да се заштитат балтичките републики против „руската агресија“ врз основа на тоа дали тие земји ги „исполниле своите обврски“ кон САД.

АП пренесува дека Трамп тоа го изјавил во интервју за Њујорк тајмс синоќа, ден пред што и официјално ќе ја прифати номинацијата на републиканците за претседателските избори, пренесе АП.

Во интервјуто рекол и дека нема да ја критикува Турција поради акцијата против политичките противници и ограничувања на граѓанските права на слобода псоле минатонеделниот неуспешен воен пуч.

За Реџеп Таип Ердоган, Трамп рекол: „Му оддавам признание што успеал тоа да го преобрати... Некои луѓе мислат дека пучот е исцениран, знаете за тоа. Јас така не мислам“.

САД „немаат право да и држат лекции“ на Турција и другите земји кога „луѓето ладнокрвно пукаат на полицајците“, порачал Трамп.

Говорел и за распоредување на американските сили во странство, но повеќе од, како што забележал АП, економски агол како некој кој се децении е во бизнисот, а без политичко искуство.

Трамп рекол дека можеби нема да биде потребно да се распоредуваат американски сили во странство.

„Ако одлучиме да мора да ги браниме САД, секогаш можеме да ги распоредиме“ силите од САД, а тоа би „било многу поефтино“, рекол Трамп.

Слично

Поврзани вести