ТРАМП: Постигнавме договор за ретките метали, наскоро ќе го потпишеме
Aмериканскиот претседател Доналд Трамп, вели дека Америка постигна договор со Украина за ретките метали, пренесува Ројтерс.
„Постигнавме договор за ретките метали, наскоро ќе го потпишеме“, го цитира Ројтерс американскиот претседател.
Трамп изјави дека во моментов разговараат за територијални прашања, како и за можните линии за разграничување меѓу Русија и Украина.
Вели дека страните разговараат за можна американска контрола врз нуклеарните централи во Украина.
Во февруари кога Зеленски беше во САД, настана расправија и не го потпишаа договорот.
Слично
