Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трамп порача дека нема да се откаже од борбата за нацијата

Трамп порача дека нема да се откаже од борбата за нацијата

Кандидатот за претседател на САД, Доналд Трамп му се обрати на американскиот народ и изјави дека нема никогаш да се откаже. 

„Никогаш нема да се откажам од борбата за нашата нација, ќе ги искористиме сите правни средства за луѓето да имаат доверба во својата влада“, вели тој. 

Објасни дека американскиот народ заслужува целосна транспарентност кога станува збор за пребројување на гласовите и потврдување на изборите. 

Според него, станува збор за интегритетот на изборниот процес.

Сè уште се бројат гласовите на американските претседателски избори, а спротивниот табор на кандидатот Џо Бајден тврди дека е близу до победа. 

Од друга страна, Трамп тврди дека имало изборни нерегуларности и дека тој би победил само ако се броеле легалните гласови.

Слично

Поврзани вести