Трамп помислил дека некој испуштил послужавник на вечерата, бидејќи бучавата била „далечна“
Американскиот претседател Доналд Трамп одговори дека немал никакви информации за какви било закани, објавуваат светските медиуми.
Трамп објасни дека на почетокот не бил свесен дека имало пукање, но помислил дека некој испуштил послужавник на вечерата, бидејќи бучавата била „далечна“.
Откако новинарите го прашаа дали верува дека е цел на нападот, Трамп рече дека претпоставува дека е.
„Претпоставувам, мислам, овие луѓе, тие се луди, тие се луди. И знаете, никогаш не се знае. Тој беше многу далеку од мене“, рече Трамп.
Тој рече дека безбедносните мерки преземени од Тајната служба во хотелот „Хилтон“ во Вашингтон, каде што се одржа гала вечерата, биле значително големи.
„Имавме луѓе кои седеа на маси, буквално маскирани. Но, имавме, имавме луѓе насекаде по просторијата, па (напаѓачот) имаше долг пат пред себе“, рече Трамп.
Полицијата го уапси 31-годишниот Кол Ален, од Торанс, Калифорнија, кој бил вооружен со пушка, пиштол и повеќе ножеви. Трамп изјави дека Ален не успеал да се приближи до вратата од салата каде што се одржувала вечерата.foto printskrin youtube
