Трамп полн со ветувања - Ќе отвори 25 милиони работни места
Доналд Трамп откри нови детали од неговата економска програма со која ветува дека ќе создаде 25 милиони работни места во наредните години со тоа што ќе ги намали даноците за бизнисот, како и за семејниот приход, а исто така вети и укинување на голем број на државни регулативи кои го кочат развојот.
„Мојот економски план го одбива цинизмот кој вели дека нашата работна сила ќе продолжи да се намалува, дека работните места ќе се селат во други држави и дека нашата економија повеќе нема да расте како порано. Тоа воопшто не е вистина“, посочи Трамп.
Сепак, како и во претходните настапи така и сега на Економскиот форум во Њујорк не даде конкретни чекори и политики, туку само општи економски насоки. Вети и намалување на државниот буџет за воени цели бидејќи САД премногу троши на одбрана на држави како Германија, Саудиска Арабија, Јапонија и Јужна Кореја кои се пребогати, а од друга страна никогаш не би и помогнале на Америка на истиот начин.
