ТРАМП ПОЧНУВА НОВА ТРГОВСКА ВОЈНА: Што воведува овој пат за Мексико
Претседателот на САД вовел царини од пет отсто на мексичките производи бидејќи сака Мексико да направи повеќе во стабилизација на брановите мигранти од Централна Америка кои одат во САД.
Царините ќе стапат на сила 10 јуни, а Трамп рекол дека царините постепено ќе растат „додека проблемот на илегална имиграција на се реши“.
Трамп одлуката за царините објавил на Твитер откако претходно на новинарите им рекол дека планира „важна изјава“.
Претседателот на САД ја обвинил мексичката влада дека не направила доволно за да го спречи движењето кон САД на мигрантите од централно-американските земји како Хондурас, Гватемала, и Ел Салвадор.
Мексичкиот претседател Андрес Мануел Лопес Обрадор вчера рекол дека шефот на мексичката дипломатија ќе биде на чело на делегацијата која со Вашингтон ќе преговара за мирно и дипломатско решение.
Обрадор во отворено писмо до Трамп навел дека „социјалните проблеми не се решаваат со царини ни присилни мерки“ и се повика на историјата на САД како нација на имигранти, велејќи дека „Кипот на слободата не е празен симбол“.
Уште не се знае како одлуката на Трамп ќе влијае на новите американско-мексичко-канадски трговски договор.
