Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трамп по убиството на Сулејмани: Ќе напаѓаме цели на иранската култура

Трамп по убиството на Сулејмани: Ќе напаѓаме цели на иранската култура

Донакд Трамп се огласи откако даде наредба беспилотно летало да го убие иранскиот генерал Касим Сулејмани на меѓународниот аеродором во Ирак и се закани дека веќе се одредени нови цели на напад доколку Иран се осуди да се одмаздува над Американци и американски имот.

Како што најави претседателот на САД, на нишан ќе бидат 52 ирански цели затоа што Иран „многу смело зборува за таргетирање одредени американски мети“.

„Ова е предупредување за Иран доколку нападне Американци или американски имот. Ќе бидеме насочени кон 52 ирански позиции, од кои дел се многу важни за Иран и иранската култура, и тие мети ќе ги погодиме многу брзо и силно“. објави Трамп.

За Сулејмани рече дека веќе ја напаѓал амбасадата на САД и дека подготвувал нови напади на други локации.

Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф, рече дека таргетирање на ирански културни места ќе претставува воено злосторство и грубо кршење на меѓународното право.



Слично

Поврзани вести