Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трамп по средбата со Меркел: Германија му должи огромни суми на НАТО

Трамп по средбата со Меркел: Германија му должи огромни суми на НАТО

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Германија му должи „огромни колични“ на НАТО, ден по средбата со канцеларката Ангела Меркел. 

„Германија мора да му даде огромна сума пари на НАТО. Берлин ќе плати многу скапо за заштитата што САД ја обезбедува“, напиша шефот на државата на Twitter. 

За време на заедничкиот прес Трамп, кој претходно го критикуваше НАТО како „застарена организација“, инсистираше на тоа дека американските сојузници во воениот сојуз треба да ја платат должната од минатите години. Меркел изјави дека Германија е посветена кон тоа да ги зголеми воените трошоци.

По првиот дел од преговорите со Меркел вчера Трамп побара "реципрочна" и "фер" трговија. Изјави дека миграцијата е "привилегија", а не "право". Претседателот се изјасни и за мирно решавање на украинскиот конфликт, велејќи дека високо ги цени напорите на Германија и Франција во регулирањето на конфликтот.

Слично

Поврзани вести