ТРАМП ПО РАЗГОВОРОТ СО ПУТИН: Разговорите меѓу Москва и Киев ќе почнат веднаш
Претседателот на САД, Доналд Трамп соопшти дека разговорите меѓу Москва и Киев ќе почнат „веднаш“. Тој денеска телефонски разговараше со рускиот колега Владимир Путин.
„Русија и Украина веднаш ќе почнат преговори за прекин на огнот и, што е поважно, за КРАЈ на војната. Условите за тоа ќе бидат договорени меѓу двете страни, зашто само така може, затоа што тие ги знаат деталите од преговорите за кои никој друг не знае“, рече американскиот претседател.
Русија „сака да прави ТРГОВИЈА во големи размери“ со САД, тврди Трамп, додавајќи дека потенцијалното решавање на конфликтот би ѝ помогнало на Украина да стане „голем корисник“ и од трговијата.
Слично
