Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРАМП: Пикот на Ковид-19 помина во САД, ќе следуваат насоки за ублажување на мерките

ТРАМП: Пикот на Ковид-19 помина во САД, ќе следуваат насоки за ублажување на мерките

Податоците на здравствените служби покажуваат дека во Соединетите Американски Држави помина пикот на пандемијата на коронавирусот, изјави синоќа американскиот претседател Доналд Трамп. Ова е момент, рече Трамп, кој го отвора патот за идните планови за повторно отворање на земјата. 

Оценува дека податоците што се доставени од страна на здравствените служби се охрабрувачки и овозможуваат да се дадат насоки за ублажување на мерките. Тие главно ќе се однесуваат на социјалното дистанцирање онаму каде пренесувањето на коорнавирусот е на ниско ниво, но нема да има олабавување на мерките во државите и градовите кои се најпогодени од Ковид-19. 

Главен збор, сепак ќе имаат гувернерите на сојузните држави за тоа кога и како ќе почнат со ублажување на рестрикциите. 


Слично

Поврзани вести