Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трамп падна 35 места на листата на најбогатите луѓе на „Форбс“

Трамп падна 35 места на листата на најбогатите луѓе на „Форбс“

Кандидатот за претседател на САД, Доналд Трамп падна за 35 места на листата за најбогати Американци на „Форбс“.

Само за една година, милијардерот изгуби 800 милиони долари. Така во моментов неговата состојба се проценува на 3,7 милијарди долари. До март 2015-та, тој поседувал 4,5 милијарди долари.

Секоја година „Форбс“ прави листа на 400-те најбогати Американци, а според сегашниот рејтинг во моментов има 155 побогати од него.

Една од причините за загубите е претседателската кампања која Трамп сам ја финансира. 

Повеќето неуспеси сепак се поради падот на цените на недвижности, каде е сконцентриран суштинскиот дел од неговиот бизнис.

Првото место во „Форбс“ 23-та година по ред ја држи Бил Гејтс, кој поседува 81 милијарди долари.


Слично

Поврзани вести