Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трамп: Открија вакцина но криеја за да не победам на изборите

Трамп: Открија вакцина но криеја за да не победам на изборите

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на Твитер напиша дека веста за ефикасноста на вакцината против вирусот корона е објавена по претседателските избори за да не победи.

„Агенцијата за лекови требаше тоа да го објави порано, не од политички причини, туку за да може да се спасат животи“, напиша Трамп на Твитер.

Во серија твитови, Трамп истакна дека агенцијата и Демократската партија „не сакале тој да победи благодарение на откривањето на вакцината, па чекаа пет дена да го објават тоа“.

Тој исто така изјави дека со Џо Бајден како претседател, вакцината немало да се открие толку брзо.

"Да беше Бајден претседател, немаше да има одмор уште четири години, ниту ФДА ќе го одобреше толку брзо. Бирократијата ќе уништеше милиони животи", напиша Трамп.

Фармацевтските компании „Pfizer “ од САД и германски „Bionteh“ вчера објавија дека нивната експериментална вакцина има ефикасност од над 90 проценти во спречувањето на Kовид-19, врз основа на првичните податоци од големото истражување, што претставува голема победа во борбата против пандемијата.


Слично

Поврзани вести