Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трамп откри колку пари заработил пред да стане претседател

Трамп откри колку пари заработил пред да стане претседател

Американскиот претседател Доналд Трамп под притисок на јавноста конечно откри официјални информации за тоа колку пари заработува со финансиските извештаји, но сепак не ги прикажа даночните пријави кои на многу подетален начин би откриле што се поседува и какви бизнис реалации има остварено. 

Финансискиот извештај го потврди и објави Управата за владина етика на САД според кој Доналд Трамп пред да стане претседател во јануари годинава остварил приход од половина милијарда долари.

Најголем дел парите се благодарение на неговите имоти, хотели и голф терени во Менхетен на Њујорк, Трамп хотелот во Вашингтон и одморалиштетот Мар а лаго на Флорида кое исто така го користи како претседателска летна вила кога не е во Белата куќа.

Трамп има долг кон Дојче Банк од 130 милиони долари, а вкупен долг од речиси 315 милиони долари. Откако стапи на функцијата претседател се откажал од околу 500 раководни позиции во различни компании, фондови, одбори и комитети. 

Со неговиот бизнис сега управуваат синовите Ерик и Трамп Џуниор кои инаку не добија владини функции како неговата ќерка Иванка. Трамп има посебен фонд за неговиот син Барон вреден 6 милиони долари. Од изборот на Мис Америка, Трамп пријавил приход од 11 милиони долари. Ова не е целосната слика за неговиот вкупен бизнис бидејќи ги прикажува само директните приходи, инвестиции и финансиски средства со кои распола. 

Слично

Поврзани вести