Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРАМП ОТКРИ КОГА ЌЕ СЕ ВИДИ СО ЗЕЛЕНСКИ: Средба ќе има и со Путин

ТРАМП ОТКРИ КОГА ЌЕ СЕ ВИДИ СО ЗЕЛЕНСКИ: Средба ќе има и со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ако не се реши војната во Украина, може да избие трета светска војна. 

Tој денеска во Белата куќа го прими францускиот колега Емануел Макрон.  Трамп додаде дека војната во Украина би можела да заврши наскоро.

„Тоа би можело да се случи за неколку недели, ако сме паметни. Ако не сме паметни, војната ќе продолжи, а тоа не го сакаме, зашто ова би можело да ескалира во трета светска војна“, рече Трамп. 

Тој кажа дека украинскиот претседател Володимир Зеленски наскоро би можел да дојде во Вашингтон за да го потпише договорот за ретки минерали.

„Тој би можел да дојде оваа или следната недела. Засега не знам кога ќе се сретнам со Владимир Путин. Тоа ќе се случи во еден момент“, вели Трамп. 

Макрон претходно кажа дека на средбата ќе го предупреди Трамп да не изгледа слабо пред Путин.

„Ќе му кажам ‘тоа не сте вие, тоа не е ваш заштитен знак, не е во ваш интерес‘. Како можеш да бидеш кредибилен пред Кина ако си слаб пред Путин? Ќе се обидам да го убедам Трамп дека интересите на САД и Европа се усогласени и дека ако дозволи Русија да ја преземе Украина, тоа би било незапирливо. Затоа, за секој мировен договор мора да се преговара со Украинците и Европејците на маса“, рече Макрон.

Во ОН не помина резолуцијата за Украина на САД во коспонзорство на Македонија.

Собранието ја усвои украинската резолуција поддржана од неколку земји членки на ЕУ, каде се бара Русија веднаш да се повлече од Украина. За европската резолуција, САД гласаа „против“. САД и Македонија гласаа воздржано за нивната Резолуција откако беа прифатени неколку амандмани на документот поднесени од неколку европски држави.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис вели дека само Украина има право да одлучува за својата иднина. 

Руската инвазија на Украина почна пред точно три години. 

фото Гети

Слично

Поврзани вести