Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трамп остана без донации од банкарите – Голдман Сакс со забрани за менаџерите

Трамп остана без донации од банкарите – Голдман Сакс со забрани за менаџерите
Инвестициската банка Голдман Сакс од Вол Стрит на топ менаџерите на фирмата им забрани да донираат пари за претседателската кампања на Доналд Трамп и неговиот заменик Мајк Пенс кој е гувернер на Индијана. Во забраната на голдман Сакс не е наведена кампањата на Хилари Клинтон и Тим Кејн кои се кандидати на Демократската партија. Тие во 2008-ма донираа за Хилари против Барак Обама. Оваа одлука доаѓа во незгодно време кога околу Трамп се надвиснати повеќе обвинувања дека тој како бизнисмен претходно донирал многу пари за политичари кои сега се на функции и дека од истите очекувал возврат на услугите. Трамп како Републикански кандидат е многу поповолен за банкарите и менаџерите од Вол Стрит бидејќи најави намалување на даноците за бизнисите со што се надева дека ќе се зголемат работните места во САД, додека пак Хилари се заложи за зголемување на минималната плата.
Слично

Поврзани вести