Tрамп одговори зошто Путин не сака да се сретне со Зеленски
Рускиот претседател Владимир Путин одбива да се сретне со Володимир Зеленски затоа што „не го сака“ украинскиот претседател, им рече американскиот претседател Доналд Трамп на новинарите во Белата куќа.
„Затоа што не го сака. Не го сака“, кратко одговори Трамп.
Тој потврди дека по минатонеделната средба со Зеленски и со европските лидери во Белата куќа телефонски разговарал со Путин за да договори евентуална тројна средба.
Американскиот претседател рече и дека оттогаш имал уште еден телефонски разговор со Путин и дека „секој разговор со Путин е добар разговор“.
Тој изјави дека сè уште не разговарал за конкретни безбедносни гаранции за Украина, но дека САД ќе ја поддржат Украина. Трамп исто така им рече на новинарите дека сака војната во Украина да заврши. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година.
