Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трамп објави кога САД би можеле да го „напуштат“ Иран: „Цените на нафтата ќе паднат штом ќе се случи тоа“

Трамп објави кога САД би можеле да го „напуштат“ Иран: „Цените на нафтата ќе паднат штом ќе се случи тоа“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека земјата би можела да го напушти Иран за „две или три недели“ и дека цените на нафтата ќе паднат штом тоа ќе се случи, објави денес Би-Би-Си.

Трамп повтори дека земјите што зависат од нафтата и гасот од Блискиот Исток треба да обезбедат свој премин преку морскиот пат, додавајќи дека земји како Кина и Франција „ќе се погрижат сами за себе“.

„Што ќе се случи со теснецот? Ние нема да имаме никаква врска со тоа“, рече Трамп, додавајќи дека американските сили ќе ги завршат операциите во Иран „многу брзо“.

„Сега ја завршуваме работата. Мислам дека ќе ја завршиме за две недели или можеби еден ден или така. Сакаме да уништиме сè што имаат“, рече тој.

Трамп повтори дека САД и Иран разменуваат пораки преку посредници и дека е можно двете земји да постигнат договор пред рокот за кој зборуваше.

Американскиот државен секретар Марко Рубио повтори во емисијата „Фокс њуз“ дека САД разменуваат пораки со Иран и дека крајот на војната е на повидок.

„Постои можност за директна средба во одреден момент. Секогаш ќе бидеме отворени за тоа“, рече Рубио, кој додаде дека „претседателот Трамп нема да дозволи лажните преговори да се користат како тактика за одложување за да се купи повеќе време“.

Рубио рече дека не сака да постави временска рамка за завршување, но додаде дека „целната линија е на повидок“.

Фото: Архива/Притнсркин/Икс

Слично

Поврзани вести