Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трамп: Нетанјаху нема да биде уапсен

Трамп: Нетанјаху нема да биде уапсен

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нема да биде уапсен за време на неговата посета на Соединетите Американски Држави(САД), реагирајќи на неодамнешните изјави на градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани.

Трамп порача дека Нетанјаху „нема да биде уапсен, на никаков начин и во ниту една форма“, додека престојува во САД. Тој додаде дека израелскиот премиер се бори против Иран, изнесувајќи и обвинувања на сметка на иранските власти. 

Во 2024 година, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на Бенјамин Нетанјаху и на поранешниот израелски министер за одбрана Јоав Галант поради наводни воени злосторства и злосторства против човештвото поврзани со војната во Газа. 

Слично

Поврзани вести