Трамп: Нема веќе милијарди за тие што не ни се пријатели
Американскиот претседател Доналд Трамп во првото обраќање пред Конгресот на САД истакна дека повеќе нема да доделува огромна финансиска помош за државите кои не и се пријатели на Америка. Според него, САД троши стотици милијарди долари за помош и развој, а не добива ништо за возврат ниту лојалност ниту учество во борбата против тероризмот и екстремизмот.
Трамп и натаму е лут на земјите кои практично ја понижија САД со убедливото гласање против неговата одлука да го признае Ерусалим за нов главен град на Израел и најави менување на односите кон нив бидејќи овие земји ја оставиле Америка сама и без пријателска поддршка. Земјите кои не гласаа како и тие кои останаа неутрални и натаму ќе бидат сметани за американски сојузници.
Да потсетиме дека Република Македонија која гласаше против оваа еднострана одлука на Трамп исто така добива солидни суми на американска државна помош, па постои опасност тие фондови да бидат со текот на времето укинати доколку најавите на американскиот претседател се проследат до крај,
Во САД, Трамп го критикуваат за ваков потег бидејќи за нив гласањето во Обединетите нации нема толкава тежина и секоја земја има право на застапување на своите интереси.
Исто така бројни американски аналитичари тврдат дека државната помош која САД ја дава меѓудругото и за поддршка на армиите на сојузниците мора да продолжи бидејќи таа „дупка“ веднаш ќе ја искористат сили како Русија и Кина кои имаат спротиставени интереси и тоа ќе биде на голема штета врз Америка на долг рок.
Х.С.
