Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРАМП: Нема да ја напуштам Украина

ТРАМП: Нема да ја напуштам Украина

Нема да ја напуштам Украина, сакам постојан мир, вели новиот американски претседател Доналд Трамп. 

Тој во интервју за магазинот „Тајм“ изјави дека нема да се откаже од поддршката за Украина и дека сака долгорочен мир.

„Не можете да постигнете договор ако ја напуштите Украина. Мислам дека оваа воена состојба треба да заврши што е можно поскоро, бидејќи бројот на загинати, и руски и украински, е ужасен“, изјави Трамп.

Трамп рече дека ако тој беше претседател кога почна конфликтот во 2022 година, војната во Украина немаше да се случи. Тој сака крај и на војната во Појасот Газа. Украина сака прием во НАТО за да се заштити од руски напади во иднина. Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека силна Украина може да го принуди рускиот претседател Владимир Путин да стави крај на војната. 
foto Facebook / Donald J. Trump

Слично

Поврзани вести