Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трамп негира дека Руси имале компромитирачни материјали за него

Трамп негира дека Руси имале компромитирачни материјали за него

Новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп денеска на првата прес - конференција по изборите која се одржа во Трамп кулата изјави дека ќе работи на спречување на сајбер нападите.

Вели дека наводите дека руски оперативци имале компромитирачки персонални и финансиски информации за него се лажни. 

Тврди дека тие  биле креирани од според него, болни луѓе. Наводите ги имало во извештајот за руското мешање во претседателските избори и со нив биле запознати само претседателот Барак Обама, Доналд Трамп и осуммина конгресмени.

„Мислам дека е срамота што овие информации излегоа во јавноста, ги видов и прочитав информациите надвор од средбата. Се работи за лажни вести кои не се случиле и потекнуваат од нашите противници“ - кажа Трамп.

Вели дека некој надвор од средбата ги објавил информациите, а што се однесува до хакерските напади. Трамп  мисли дека зад нив стои Русија, но и дека такви напади се случуваат и од други земји. 

Трамп добрите односи со рускиот претседател, Владимир Путин  ги смета за предност.


Слично

Поврзани вести