Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трамп негира дека има офшoрни сметки, но гледал да плаќа помалку даноци

Трамп негира дека има офшoрни сметки, но гледал да плаќа помалку даноци

Кандидат за кандидатурата на Републиканската партија на претседателските избори во САД милијардерот Доналд Трамп изјави дека не ги чува парите во швајцарски банки или во оф-шор сметки.

Немам сметки ниту во швајцарски банки, ниту во офшорки. Многу чисто водам бизнис. Ако некаде имав некакви пари, одамна ќе беше соопштено од повеќе извори, бидејќи работите ми се следат многу внимателно, изјави тој за телевизија ABC.

Сепак Трамп одбива да  ги објави даночните декларации, додека не заврши проверката од вработени од даночната служба.

Тој е на мислење дека гласачите немаат право да ја видат финансиската состојба пред да поминат изборите за претседател во САД, но сепак ќе ги објави штом заврши ревизијата.

„Се обидувам да плаќам најмалку данок“, искрен беше тој.

Името на Трамп исплива покрај аферата „Panama Papers“. Според протечените документи милијардерот има 32 офшор компании, регистрирани од панамската канцеларија „Mossack Fonseca“. Еден конкретен проект на Трамп е меѓу офшор битките- проект за хотел во Панама.

Слично

Поврзани вести