Економија, финансии, бизнис

Контакт

Tрамп: Не сум совршен кандидат, но мислам дека ќе одам во рајот

Tрамп: Не сум совршен кандидат, но мислам дека ќе одам во рајот

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека верува дека „веројатно ќе оди во рајот“.

„Навистина мислам дека ќе стигнам таму. Не сум совршен кандидат, но направив многу добро за совршени луѓе“, кажа Трамп за време на говорот на Молитвениот појадок во хотелот Вашингтон Хилтон, објави CNN.

На настанот на кој присуствуваа неколку членови на Претставничкиот дом и Сенатот, Трамп рече дека „се шегува“ за својот „пат до рајот“.

Тој тврдеше дека често избира да биде „саркастичен“ во комуникацијата со медиумите.

Трамп го нарече републиканскиот претставник од Кентаки, Томас Маси, кој се спротивставува на некои од клучните законски предлози на Трамп, „кретен“ и рече дека Маси ќе гласа против речиси секој закон што ќе дојде пред Претставничкиот дом.

„Тој автоматски вели „не“ без разлика што. Нешто не е во ред со него“, верува Трамп.

Прославата на Молитвениот појадок за прв пат се одржа во 1953 година, а претходно вклучуваше и појадок и посебен настан во Конгресот, додека оваа година се слави заедно со членовите на Сенатот за да се продолжи „традицијата на обединета молитва“.

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести