ТРАМП НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД AНЕКСИЈА НА ГРЕНЛАНД: Не ја исклучува и употребата на воена сила
Американскиот претседател Доналд Трамп не се откажува од анексија на Гренланд. Тој не ја исклучувам употребата на воена сила.
Трамп повторно се закани со употреба на воена сила доколку смета дека е неопходно за анексија на Гренланд. Ова го кажа во интервјуто за ЕН-Би-Си Њуз, кое беше емитувано во недела. Додаде дека на неговата земја „многу ѝ е потребен“ арктичкиот остров од перспектива на националната безбедност.
„Не велам дека ќе го направам тоа, но не исклучувам ништо. Гренланд има многу мала популација, за која ќе се грижиме, ќе ја сакаме и сè тоа. Но, ни е потребно за меѓународна безбедност“, рече Трамп.
Гренланд е автономен регион на Кралството Данска. Трамп и во минатото сакаше да го купи островот. Гренланд не сака да биде дел од САД.
Слично
