Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трамп не се откажува, ќе почне да го гради ѕидот кон Мексико

Трамп не се откажува, ќе почне да го гради ѕидот кон Мексико

Американските власти објавија распоред за изградба на ѕидот на границата со Мексико.

Службата за гранична и царинска контрола, изјави дека ќе започне да доделува договори за градба до средината на април, пренесоа американските медиуми.

На сајтот за јавни набавки стои дека околу 6 март ќе биде распишан конкурс за учество во изградба. Потоа компаниите ќе треба да поднесат идејни проекти до 10 март.

До 20 март службата ќе направи селекција, ќе треба да ги достават понудите до 24 март, и да ја наведат цена.

Распоредот покажува дека претседателот на САД, Доналд Трамп почнува  со остварување на своите планови да изгради „голем ѕид", долж 3200 километри на граница со Мексико. 

Трамп изјави дека градењето почнува многу скоро. 

Слично

Поврзани вести