Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРАМП НЕ ГИ ПОКАНИЛ ПУТИН И ЗЕЛЕНСКИ НА ИНАУГУРАЦИЈАТА: За еден од нив рече дека може да дојде

ТРАМП НЕ ГИ ПОКАНИЛ ПУТИН И ЗЕЛЕНСКИ НА ИНАУГУРАЦИЈАТА: За еден од нив рече дека може да дојде

Покана за да присуствуваат на инаугурацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп не добиле рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски. 

Трамп кажа дека сепак, Зеленски може да дојде.  Трамп би сакал на својата инаугурација да го види кинескиот претседател Си Џинпинг, кого го поканил на церемонијата во Белата куќа. 

„Зеленски не го поканив, но… може да дојде“, изјави Трамп.

Тој постојано повторува дека ќе помогне војната во Украина што побрзо да заврши.

„Ќе разговарам со претседателот Зеленски, а ќе разговарам и со (претседателот на Русија Владимир) Путин бидејќи овој масакр мора да заврши“, вели Трамп.

Аналитичарите се плашат дека во мандатот на Трамп, Украина нема да продолжи да ја добива потребната воена и финансиска поддршка од Вашингтон и дека ќе биде принудена да преговара со Русија. Руската инвазија на Украина почна пред скоро три години. 

Слично

Поврзани вести