Трамп: НАТО направи глупава грешка, ме разочара
Aмериканскиот претседател Доналд Трамп ги нападна сојузниците од НАТО и кажа дека САД сега не требаат ничија помош во војната против Иран. Тој откри дека повеќето членки на НАТО му рекле дека не сакаат да се вмешаат во „американската воена операција против терористичкиот режим на Иран“, па го одбиле неговото барање да помогнат во обезбедувањето на Ормутскиот теснец.
„Не ни треба ничија помош, иако сите ќе имаат корист од она што го направија САД. Беше многу важно да се отстрани нуклеарната закана од Иран. САД го направија тоа многу силно, иранската војска е збришана. НАТО направи глупава грешка, ме разочара. Не ни требаат, но требаше да бидат тука“, кажа Трамп.
Тој додаде дека не е изненаден од одговорот на сојузниците, зашто отсекогаш го сметал НАТО за еднонасочна улица.
„Поради фактот дека имавме така голем успех, повеќе не ни треба ничија помош. Ни од НАТО, ни од Јапонија, Австралија или Јужна Кореја. САД се убедливо најмоќната држава на светот и не им треба помош од никого“, порача Трамп.
Реагирајќи на оставката на својот шеф за контраразузнавање Џо Кент зашто се противел на војната со Иран, Трамп нагласи дека Иран беше закана и сите држави го сфаќаа тоа. На 28 февруари, САД и Израел почнаа со напади на Иран.
foto printskrin youtube
