Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРАМП: НАТО е ужасен, сите се ужасни

ТРАМП: НАТО е ужасен, сите се ужасни

Aмериканскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека земјите од НАТО се ужасни, затоа што не сакаа да помогнат во војната против Иран. 

Трамп рече дека и покрај континуираните напади на Иран врз бродови и инфраструктура во Персискиот Залив, „нема реална закана“ во Ормутскиот теснец.

„Ќе бидам таму, но ако имаат проблем да добијат нафта, нека дојдат и нека ја земат како што треба. Нека дојдат и нека ја земат. Не сакаа никому да помогнат. НАТО е ужасен, сите се ужасни. Ако сакаат нафта, нека дојдат и нека ја земат. Нема вистинска закана, нема значајна закана затоа што таа земја е уништена. Нека дојдат и нека ја земат. Време е да направат нешто за себе“, рече Трамп.

Трамп ги издвои Велика Британија и Франција како бескорисни.

Американскиот државен секретар Марко Рубио ги критикуваше Шпанија и другите сојузници во НАТО за ограничената поддршка во војната со Иран, сугерирајќи дека Вашингтон можеби ќе ја преоцени алијансата по конфликтот, пренесе ДПА.

Рубио рече дека САД утврдиле дека Шпанија, членка на НАТО која тие се обврзани да ја бранат, го одбила американското користење на нејзиниот воздушен простор и се фалела со тоа.

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести