Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трамп нареди замрзнување на 200 милиони долари помош за Сирија

Трамп нареди замрзнување на 200 милиони долари помош за Сирија

Според информациите од официјални претставници на САД , претседателот Доналд Трамп му наредил на Стејт департманот да суспендира повеќе од 200 милиони долари помош за Сирија, бидејќи неговата администрација ја преиспитува улогата на САД во конфликтот таму. 

Укинувањето на помошта и замрзнување на средствата за првпат беше објавено од Вол Стрит Џурнал, еден ден откако Трамп изјави дека врз основа на победата над милитантите на Исламската држава заклучува дека САД „ќе ја напушти Сирија многу брзо“.

„Сега други нека се грижат за неа. Многу брзо ние заминуваме. Ќе се вратиме во нашата држава каде што припаѓаме и каде сакаме да бидеме“, рече американскиот лидер.

Официјалните лица на американската влада кои дадоа изјава за Ројтерс, под услов на анонимност истакнуваат дека говорот на Трамп ги рефлектира неговите разговори со советниците. Тој се прашува зошто американските сили треба да останат во Сирија сега кога милитантите се пред целосен пораз.

Рекс Тилерсон, американскиот државен секретар во заминување, вети дополнителни 200 милиони долари помош во февруари за време на состанокот на глобалната коалиција против милитантите на Исламската држава што се одржа во Кувајт.


Слично

Поврзани вести