Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трамп сака да му парадираат како на Путин на Црвениот плоштад

Трамп сака да му парадираат како на Путин на Црвениот плоштад

Откако лани го фасцинираше парадата за Денот на Бастиља, американскиот претседател нареди Пентагон да организира една во сопствена режија. Парадата на припадниците на силите на безбедноста на САД би се одржала во Вашингтон, пренесуваат западните медиуми.

Повикувајќи се на анонимни извори, WashingtonPost вели дека ваквата одлука е донесена уште на 18-ти јануари годинава. Имено, на средбата присуствувал и министерот за одбрана на САД, Џејмс Матис на кого лично му биле пренесени инструкциите на претседателот.

Според она што го пренесува изворот, Трамп барал парада како онаа во Париз. Сепак, во светот кога ќе се спомене организацијата на настан од ваков вид, прва помисла се парадите кои се одржуваат традиционално на Црвениот плоштад во Москва или пекиншкиот Тиананмен. Во секој случај очигледно е дека Трамп сака да се наметне како стабилен и цврст лидер пред кого дури и армијата покорно ќе парадира.

Информацијата делумно ја потврди и Белата Куќа, од каде информираа дека се точни наводите дека претседателот има намера да организира настан каде сите Американци ќе можат да ја покажат својата благодарност кон армијата. Организацијата на манифестацијата се уште се разгледува како можност, но нема прецизни информации дали воопшто ќе се одржи. 

Слично

Поврзани вести