Трамп најде начин како со „сила“ да го натера Мексико да плати за ѕидот на границата
Новиот американски претседател Доналд Трамп најде начин како со сила да го натера Мексико да плати десетици милијарди долари за изградба на замислениот огромен ѕид кој би се простирал долж јужната граница на САД.
Првиот чекор е воведување на нов данок на увоз на мексикански производи во износ од 20%. Годишно во САД се внесуваат стоки вредни околу 80 милијарди долари, па Трамп смета дека само со овој данок владата ќе собере доволно пари за да ја започне изградбата.

Ваквата нова политика драстично ја намали вредноста на мексиканската валута пезос која ја губи вредноста во однос на доларот што негативно се одразува на мексиканската економија.
Претседателот Нието посочи дека планира да ја откаже посетата на Белата куќа и дека нема да прифати никаква пропаганда од Трамп. Од друга страна Мексико посочи дека се подготвени да водат нови преговори за трговското партнерство НАФТА во кое учествуваат заедно со Канада и САД и да исполнат дел од барањата на Трамп, но апсолутно ја одбиваат идејата за изградба на ѕид на границата.
