Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трамп најавува бум, но никој не му верува

Трамп најавува бум, но никој не му верува

Американската економија во последното тримесечие на 2016 година имала нешто поголем раст отколку што претходно се проценуваше, поттикната од поголемите издвојувања на потрошувачите.

Министерството за трговија на САД соопшти дека БДП во периодот октомври декември е зголемен за 2,1 отсто, додека претходно се проценувал на 1,9 отсто.

Поголем раст следел со поголемите издвојувања на потрошувачите кои го надоместиле намалувањето во трговијата.

Промените на проценките на растот на американскиот БДП во четвртиот квартал не влијаеле на економскиот раст на нивото цела година, кој бил 1,6 отсто, што е најлошо во последните пет години.

Американскиот претседател Доналд Трамп рекол дека ќе го зголеми растот на БДП на четири отсто, иако економистите се сомневаат дека тоа е изводливо.

Аналитичарите проценуваат дека растот во актуелното тримесечие би бил на два отсто.

Трамп рекол дека со намалување на данокот, дерегулации и поголема потрошувачка за војската и инфраструктурата ќе го поттикне растот на четири отсто, но минатонеделниот неуспех на администрацијата и Републиканската партија преку Конгресот да ги протуркаат измените на системот на здравствено осигурување ги доведе во прашање изгледите и за другите приоритети на Трамп.

Министерот за финансии Стивен Мунчин рекол дека минатата недела дека целта законот за даночната реформа да се усвои е до есен. Тој рекол дека целта на економскиот раст е да биде три отсто иако независните прогнози варираат со најмногу 2,5 осто.

Слично

Поврзани вести