Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трамп најави жалба на пресудата: „Немам поим која е таа жена“

Трамп најави жалба на пресудата: „Немам поим која е таа жена“

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп најави жалба откако поротата го прогласи за виновен за сексуална злоупотреба и клевета на колумнистот на магазинот „Ел“, Џин Керол во 1990-тите.

Трамп беше обвинет за сексуална злоупотреба на писателката и новинарка Жан Керол во соблекувалната на луксузна стоковна куќа во пролетта 1996 година, а по објавувањето на пресудата, тој ја оцени како срамна и продолжување на „ловот на вештерки“.

Веднаш по пресудата, Трамп на социјалната мрежа „Truth Social“ напиша дека пресудата е „срамна“ и дека „апсолутно нема поим која е оваа жена“, како и продолжување на „ловот на вештерки“.

„Ќе се жалиме на оваа одлука. Тоа е срамота“, рече Трамп во едно од неколкуте видеа што ги објави на својата платформа, нарекувајќи го судењето „многу нефер“.

По речиси тричасовна дискусија, деветчлената порота на федералниот суд на Менхетен одлучи да определи парична казна во износ од околу пет милиони долари за да се надомести штетата што и е нанесена на Џин Керол.

„Некако ќе мора да се бориме со вакви работи. Не можеме да дозволиме нашата земја да падне во оваа бездна. Ова е срамно“, рече Трамп.

Неговиот адвокат Џо Такопина ја нарече одлуката на поротата чудна пресуда, истакнувајќи дека поротата го отфрли обвинението за силување против неговиот клиент.

Додека поротата утврди дека Трамп сексуално ја нападнал Џин Керол во 1996 година, доволно за да го смета за одговорен за повредите, поротата не најде докази дека тој ја силувал.

Такопина пред судот во Менхетен изјави дека ќе поднесе жалба на пресудата.

Трамп е цврст во своето верување дека не може да добие фер судење во Њујорк, рече адвокатот.

„Мислам дека може да тврдите дека тоа е веројатно точна проценка врз основа на она што се случи денес“, рече Такопина.

Трамп нема да мора да плати отштета додека се чека неговата жалба.

Слично

Поврзани вести