Трамп најави нова генерација воени бродови, би можеле да бидат опремени и со атомско оружје
Aмериканскиот претседател Доналд Трамп најави нова генерација воени бродови „Трамп-класа“.
„Бродовите ќе бидат поголеми, побрзи и стопати помоќни од кој било претходен воен брод изграден во САД“, рече претседателот.
Проектот ќе почне со изградба на два такви воени брода и на крајот ќе се прошири на 20 до 25 нови бродови.
Трамп рече дека бродовите би можеле да бидат опремени со атомско оружје и би тежеле помеѓу 30.000 и 40.000 тони.
Бродовите се најновиот обид на американскиот претседател да остави свој белег врз вооружените сили на државата.
foto printskrin youtube
Слично
