Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трамп најави добри вести, а и од Иран стигнаа смирувачки тонови за обнова на земјата

Трамп најави добри вести, а и од Иран стигнаа смирувачки тонови за обнова на земјата

Американскиот претседател Доналд Трамп е подготвен да се сретне со највисоките ирански претставници, доколку се постигне напредок во разговорите.

„Денеска во Пакистан ќе биде потпишан договор со Иран“, изјави американскиот претседател за Фокс њус.

Трамп претходно во интервју за „Њујорк пост“ наведе дека американска делегација предводена од потпретседателот Џеј Ди Венс е на пат кон Исламабад, Пакистан, заедно со Стив Виткоф, Џаред Кушнер и американскиот преговарачки тим, каде што треба да пристигнат за неколку часа.

„Треба да се води дијалог со Иран, претпоставувам дека во оваа фаза никој не игра игри“, истакна Трамп.

Клучно барање е Иран да се откаже од поседување нуклеарно оружје.

„На Иран му е потребено што е можно поскоро војната против САД и Израел да заврши, за да може да се фокусира на реконструкцијата“, изјави претседателот Масуд Пезешкијан на серија состаноци со државни службеници во Техеран.

Заземајќи поумерен тон од другите во иранското раководство, Пезешкијан рече дека иако Иран мора да се спротивстави на „прекумерните барања на САД“, мора да признае дека продолжувањето на конфликтот не е од корист за никого – ниту за Иран, ниту за другата страна, ниту за иднината на регионот, ниту за идните генерации. Рече дека војната треба да заврши и да почне обновата. 

На друг состанок тој рече дека „мора да се искористи секој разумен и дипломатски пат за намалување на тензиите“.

Војната почна на 28 февруари годинава. Израел и САД на тој ден почнаа со напади на Иран. 

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести